Кошарка
Кер останува во Голден Стејт уште две години
Поранешниот НБА-шампион, Голден Стејт објави двегодишно продолжување на договорот со главниот тренер Стив Кер.
Клубот од Сан Франциско објави дека со 60-годишниот Американец минатиот викенд постигнат е договор за понатамошна соработка.
-Благодарен сум за можноста да продолжам да го тренирам овој тим. Оваа организација ми значеше толку многу во текот на изминатите 12 години – од сопствениците до нашите играчи, тренерскиот персонал и навивачите. Да се биде дел од нешто толку посебно е неверојатна привилегија. Возбуден сум што ќе продолжам да се натпреварувам со оваа група, изјави Кер.
Воините го пропуштија плејофот по втор пат за три години. Тие завршија десетти во Западната конференција и загубија од Феникс во плејин рундата.
Кер, прогласен за тренер на годината во НБА во сезоната 2015/16, има резултат од 604-353 (победи-порази) во регуларната сезона и резултат од 104-48 во плејофот. Голден Стејт го освои последното првенство во 2022 година.
Според „ESPN“, Кер ќе остане најплатениот тренер во НБА. Неговата плата за сезоната 2024/25 изнесуваше 17,5 милиони долари годишно. Тој е во Голден Стејт Вориорс од 2014 година.
мај 13, 2026
