Connect with us

Кошарка

МЗТ Скопје Аеродром ќе ја брани титулата против Маџари

Актуелниот македонски кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром ќе ја брани титулата во финалето против дебитантот Маџари, откако вечерва во третиот натпревар од полуфиналната серија го совлада Пелистер на домашен терен со 87:58 и го елиминираше битолскиот состав во серијата подобар од три натпревари.

МЗТ Скопје до втората победа над Пелистер дојде со фуриозна трета четвртина во која постигна 29 поени, а противникот само пет и стекна недостижна предност до крајот на дуелот во СЦ „Јане Сандански“.

Првото полувреме беше израмнето и по двете воведни четвртини резултатот беше 37-37.

МЗТ Скопје Аеродром го отвори второто полувреме со серија од 9-0 во која Петков уфрли седум поени, доволно за прво повисоко водство на една од двете екипи (46:37).

Петков ја продолжи ефикасната вечер предводејќи го актуелниот шампион со серија од 17:2 до двоцифрена предност од 54:39 која на истекот на третиот период достигна недостижни 66:42.

Петков беше најефикасен во редовите на МЗТ Скопје со 23 поени, следен од Танасковиќ со 20. поени, а МекКејден дојде од дабл-дабл од 14. поени и 12. скокови (плус пет асистенции).

Во составот на Пелистер, Дејвис постигна 12. поени, а Вилсон додаде десет.

Финалната серија за титулата во МТЕЛ“ Супер лигата во натпреварувачката сезона 2025/2026 треба да стартува овој викенд, а домаќин на првиот натпревар ќе биде МЗТ Скопје Аеродром. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 1