Кошарка
Сан Антонио ја победи Минесота во петтиот натпревар од плејофот на НБА
Сан Антонио спарс ноќеска на домашен терен ја победи Минесота во петтиот натпревар од четвртфиналната серија во плејофот на НБА со 126:97.
Центарот на Спарс, Виктор Вембањама беше најдобар играч на натпреварот со 27 поени и 17 скока. Се истакнаа уште и Џонсон со 21 и Фокс со 18 поени.
Во поразениот тим најдобри беа Едвардс со 20 и МекДениелс со 17 поени.
Сан Антонио води со 3-2 во серијата прв до четири победи.
Следниот меѓусебен натпревар на овие две екипи е закажан за 16 мај во Минеаполис
мај 13, 2026
