Connect with us

Кошарка

Смилковски: Во дуелите со Борац се виде разликата во квалитет со екипите од АБА лигата

Кошаркарите на ТФТ и во вториот обид сезонава не успеаја да стигнат до АБА лигата, по поразот во финалето во плеј офот од АБА 2 лигата од Широки (0-2 во победи) и во разигрувањето беа совладани од Борац Чачак со истиот скор во победи. Сепак македонскиот претставник ја игра најдобрата сезона во клупската историја.

–  Ако се свртиме зад нас и направиме осврт на сезоната во АБА лигата, не ни останува ништо освен да бидеме горди на нашиот успех. Имавме некоја зацртана цел плеј оф, направивме и чекор повеќе со финалето. Во дуелите со Широки за малку не успеавме, додека на дуелите со Борац се виде разликата во квалитет со тимовите од АБА 1 и тоа е добар показател и што е потребно доколку сакаме да бидеме дел од таа лига. Сега ни останува борбата во македонското првенство, продолжуваме против Маџари во плеј офот, каде сме во негатива. Играме во вторник и немаме време за тагување, малку одмор и да дадеме максимум, изјави тренерот на ТФТ Боро Смилковски.

Натпреварот меѓу Маџари и ТФТ е вториот од полуфиналето и Маџари е домаќин и има предност од 1-0 во победи. Почетокот на дуелот е во 21 часот.

Маркетинг
Ad 1
Ad 4