Connect with us

Кошарка

Вембањама и покрај исклучувањето ќе биде на располагање на следниот натпревар

Кошаркарот на Сан Антонио, Виктор Вембањама нема да добие дополнителна казна по исклучувањето на натпреварот број 4 од полуфиналето на Запад против Минесота. Французинот ќе биде на располагање на својата екипа за петтиот натпревар што ќе се игра во вторник на среда навечер, а домаќин е Сан Антонио.

Инцидентот се случи за време на вториот период од натпреварот број 4 кога Вембањама во офанзивен скок со лакт го удри противничкиот играч Наз Рид во пределот на вратот. Судиите досудија обичен фаул, а по прегледувањето на снимката одлуката беше променета во неспортска грешка, поради јачината на ударот што според правилата во НБА е исклучување.

Резултатот во полуфиналето меѓу Сан Антонио и Минесота е 2:2 во победи, а петтиот натпревар може да биде и клучен за пласман во финалето.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1