Connect with us

Свет

Капетанот на „Хондиус“ им се заблагодари на екипажот и патниците за реакцијата при појавата на хантавирус

Капетанот на крузерот „Хондиус“ (Hondius) денеска им оддаде признание на екипажот и патниците за нивното „трпение, дисциплина и љубезност“ за време на кризата на Атлантикот по појавата на хантавирус на бродот, пренесе ДПА.

„Хондиус“ пристигна вчера крај брегот на Тенерифе, по што започна постепеното симнување на патниците и членовите на екипажот. Бродот треба вечерва да отплови од Тенерифе кон Ротердам.

– Изминатите неколку недели беа исклучително тешки за сите нас – изјави капетанот Јан Доброговски во видеопорака објавена од операторот на крузерот Оушнвајд Експедишнс (Oceanwide Expeditions).

– Бев сведок на вашата грижа, единство и тивка сила – рече Доброговски, обраќајќи им се на сите што биле на бродот.

Тој додаде дека искуството покажало оти луѓето можат да се потпрат едни на други дури и кога помошта не е веднаш достапна.

Доброговски им посака безбедно враќање дома на сите патници. 

Маркетинг
Ad 4
Ad 2