Кошарка
Сан Антонио ја победи Минесота, Вембањама постигна дабл-дабл
Сан Антонио изутрина на гостински терен ја победи Минесота во третиот натпревар од второто коло од плејофот на НБА со 115:108.
Најзаслужен за победата на Спарс беше Виктор Вембањама кој постигна дабл-дабл со 39 поени и 15 скока.
Сан Антонио спарс водат со 2:1 во серијата прв до четири победи.
Четвртиот натпревар ќе се игра на 11 мај.
На другиот натпревар одигран ноќта петок кон сабота, Њујорк исто така како гости на совлада Филаделфија со 108:94 за убедливи 3:0 во серијата
мај 9, 2026

