Кошарка
Смилковски: Психолошки, емотивно и физички сме уморни
Кошаркарите на ТФТ претрпеа убедлив пораз (97:61) во првиот натпревар од разигрувањето за пласман во АБА лигата на гостувањето во Чачак против Борац. Силниот ритам на натпревари во домашната лига и регионалното натпреварување е најголемиот проблем за играчите на ТФТ.
– Успеавме да се најдеме во завршницата на АБА лигата, што е наш најголем успех. Но, тоа донесе до огромен број на натпревари 16 за 40 дена. Психолошки, емотивно и физички сме уморни. Имаме малку време за тренинг. Противникот (Борац) беше подобар се виде на теренот, а победникот беше решен во првиот дел. Што се однесува до Дејвис мислам дека е добар иако го свитка скочниот зглоб, изјави тренерот на ТФТ Боро Смилковски.
Следниот натпревар се игра во недела во Скопје во 21 часот во салата „Лазар Лечиќ“.
мај 8, 2026

