Connect with us

Фудбал

Борнмут со суспендираше Хименез, истрага за наводната преписка со малолетна девојка

Англискиот прволигаш Борнмут објави денеска дека започна истрага во врска со објавите на социјалните мрежи кои покажуваат наводна преписка меѓу неговиот фудбалер Алекс Хименез и малолетна девојка.

Премиерлигашот посочи дека шпанскиот дефанзивец, како резултат на истрагата, ќе го пропушти претстојниот натпревар против Фулам.

„Фудбалскиот клуб Борнмут е свесен за објавите што циркулираат на социјалните мрежи, а кои се однесуваат на десниот бек, Алекс Хименез. Клубот ја разбира сериозноста на случајот и започна истрага“, се вели во клупското соопштение.

Хименез дојде во Борнмут минатиот септември како позајмен фудбалер од Милан, а во февруари оваа година англискиот клуб го откупи неговиот договор.

Маркетинг
Ad 4
Ad 1