Фудбал
Баерн го тестира братот на Кварацхелија
Помладиот брат на фудбалерот на европскиот првак ПСЖ, Хвича Кварацхелија, е на проба во редовите на германскиот првак Баерн Минхен, јави денеска агенцијата ДПА.
„Да, можам да потврдам дека момчето е тука и тренира со нас“, изјави спортскиот директор на Баерн, Кристоф Фројнд, на прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со шеснаесетгодишниот Торнике Кварацхелија.
„Тој е талентиран. Да се каже дека е добар како неговиот брат, кој е исклучителен и играч од светска класа, би било малку претерување. Но, тој е талентиран млад играч. Ќе мора да почекаме и да видиме како ќе се одвиваат работите“, додаде Фројнд.
Претходно оваа недела, повозрасниот од браќата Кварацхелија одигра клучна улога во елиминацијата на Баерн од ПСЖ во полуфиналето на Лигата на шампиони.


