Connect with us

Вести

Муцунски се сретна со делегација на ЕЕАС: Потврдена соработката меѓу ЕУ и Македонија во областа на безбедноста и одбраната

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со висока делегација од Европската служба за надворешно дејствување (ЕЕАС), во рамки на Партнерството за безбедност и одбрана меѓу Европската Унија и Македонија.

На средбата, како што соопшти МНРиНТ, бил поздравен редовниот политички дијалог воспоставен во рамки на Партнерството за безбедност и одбрана, потпишано во 2024 година.

Како значаен чекор бил оценет и вториот состанок во рамки на ова Партнерство, одржан во април 2026 година во Брисел, претставува значаен чекор кон преточување на заедничките политички заложби во конкретни приоритети за соработка.

Соговорниците размениле мислења и за тековните дискусии меѓу земјите членки на ЕУ во рамки на Европскиот мировен инструмент (ЕПФ), особено во однос на подготовката на Стратешките насоки за 2027 година. Притоа било нагласено дека се очекува зголемување на поддршката за земјите од регионот, како и развој на проекти кои, покрај билатералната компонента, ќе имаат и регионална димензија.

Претставниците на ЕЕАС информирале и за можни поголеми проекти со регионален карактер, кои би биле финансирани во рамки на буџетот на Европскиот мировен инструмент за 2027 година.

Министерот Муцунски на средбата ја реафирмирал посветеноста на Македонија како кредибилен и конструктивен партнер на Европската Унија во областа на надворешната и безбедносната политика, како и силната ориентација кон европската интеграција како стратешки приоритет на државата.

Маркетинг
Ad 4
Ad 1