Connect with us

Кошарка

Тренерот на Партизан го напушта Белград на крајот од сезоната ?

Жоан Пењароја актуелниот тренер на Партизан е мета на неколку клубови од Евролигата. Тоа значи дека Шпанецот, кој го препороди Партизан можно е на крајот од сезоната да го напушти клубот.

Пењароја го презеде Партизан во тешки моменти кога тимот беше во резултатска криза и во серија лоши резултати, а требаше да ја наследи легендата на „црно-белите“ Жељко Обрадовиќ. Тој во кус период ја стабилизираше екипата и ја врати на победнички патеки.

Како се ближи крајот на сезоната Пењароја е на мета на Баерн и Анадолу Ефес, па дури и Барселона. Во Баерн Светислав Пешиќ сигурно заминува на крајот од сезоната, а во Анадолу Ефес е веројатно дека Пабло Ласо нема повеќе да биде на клупата.

Но, сите клубови кои разговарале со претставниците на шпанскиот стручњак добиле ист одговор – сака да остане во Партизан. „Црно-белите“ имаа шест победи во Евролигата и само поради слабиот старт не изборија „плеј-ин“, а се во конкуренција за титула во АБА лигата и шампионатот на Србија, кои се главни цели на шпанскиот тренер.

Маркетинг
Ad 1
Ad 2