Кошарка
Реал Мадрид избори учество на „фајнл-фор“ турнирот во Атина
Кошаркарите на Реал Мадрид изборија полуфинале и учество на Ф4 турнирот во Евролигата откако вечерва во натпреварот број 4 од четвртфиналето го победија Хапоел Тел Авив со 87:81. На тој начин „кралскиот клуб“ го доби четвртфиналето со израелската екипа со 3-1 во победи.
Кошаркарите на Реал Мадрид на полувреме имаа десет поени предност и водеа со 46:36, а Хапоел во вториот дел не успеа да направи пресврт.
Дан Отуру од Хапоел со 29 поени беше најефикасен на дуелот, додека кај Реал Мадрид пет играчи беа двоцифрени, а Усман Гаруба постигна 16 поени.
Покрај Реал Мадрид пласман во полуфиналето избори и Олимпијакос, кој со 3-0 во победи го елиминираше Монако.
Утре се играат четвртфиналните (натпревар број 4) меѓу Жалгирис – Фенербахче и Панатинаикос – Валенсија. Предност од 2-1 во победи имаат Панатинаикос и Фенербахче.
„Фајнл-фор“ турнирот ќе се игра на 22 и 24.мај во Атина.
мај 8, 2026

