Кошарка
Убедлив пораз на ТФТ на гостувањето кај Борац
Македонскиот претставник во разигрувањето за пласман во АБА лигата ТФТ вечерва претрпе убедлив пораз од Борац Чачак на негов терен со 97:61 (26:16; 28:16; 19:13 и 24:16). Со оваа победа Борац поведе со 1-0 во добиени натпревари.
Кошаркарите на ТФТ беа инфериорни во дуелот со Борац и во ниту еден период не успеаја да постигнат повеќе 16 поени. Ритамот на многу натпревари кус период во АБА натпреварувањето и во домашната лигата оставија трага и кошаркарите на ТФТ немаа свежина и беа далеку од посакуваната игра.
Марко Јошило и Павле Николиќ кај Борац со по 20 поени беа најефикасни, додека во редовите на ТФТ Стенли Дејвис Џуниор постигна 17 поени.
Вториот натпревар се игра во недела во Скопје. Со победа ТФТ ќе се избори за мајсторка, која би се играла на 15.мај во Чачак.
мај 8, 2026

