Connect with us

Фудбал

Естудијантес против Палмеирас во финалето на Копа Либертадорес

Аргентинскиот Естудијантес се пласираше синоќа во финалето на Копа Либертадорес, во кое противник за титула во јужноамериканскиот пандан на европската Лига на шампиони, ќе му биде бразилскиот Палмеирас.

Како и во првиот натпревар во Аргентина, Фламенго и Естудијантес одиграа 0:0 во реваншот во Бразил, па одлуката за финалистот беше донесена со изведување пенали. Херој на Естудијантес во пенал серијата беше 40-годишниот уругвајски голман Фернандо Муслера, кој ги одбрани ударите на Жоржињо, Лукас Пакета и Бруно Енрике.

Финалето на Копа Либертадорес ќе се игра на 28 ноември на стадионот „Сентенарио“ во уругвајската престолнина Монтевидео.

Естудијантес ќе има шанса да ја освои својата петта титула шампион на Јужна Америка, прва од 2009 година, додека Палмеирас ќе се обиде да го освои првиот трофеј во Копа Либертадорес од 2021 година.

Победникот ќе обезбеди директен пласман на Светското клупско првенство во 2029 година, како и настап на Интерконтиненталниот куп на ФИФА подоцна оваа година. 

Ad
Ad