Connect with us

Фудбал

Македонскиот репрезентативец Растодер стрелец во победата на грчки Панатинаикос

Македонскиот репрезентативец Елмин Растодер постигна гол во победата од 5:1 на грчки Панатинаикос против Каират во рамки на второто коло од УЕФА Конференциската лига. Растодер во игра влезе од клупата за резерви во 56.минута, а во листата на стрелци се запиша во 75.минута.

Тоа беше вкупно петти гол за неговата екипа грчкиот првак.

За македонскиот репрезентативец ова е втор гол во дресот на тимот од Атина, еден претходно постигна во грчката лига.

Панатинаикос е првата екипа во ова натпреварување со две победи по два одиграни натпревари. Ова беше прв натпревар од второто коло, другите дуели се играат вечерва.

Ad
Ad