Фудбал
Ван Гал со критики за системот во Лигата на шампионите
Познатиот холандски тренер Луј Ван Гал искажа големи критики на новиот систем во Лигата на шампионите. Тој смета дека има премногу клубови, премногу натпревари и затоа повредите на играчите се многу чести.
– Смешен формат, во Лигата на шампионите може да игра секој. Треба да играат најдобрите, а не да се има толку голема разлика во квалитетот. Ќе има помалку голови, но натпреварите ќе бидат поквалитетни и ќе има подобар фудбал, изјави за холандските медиуми Ван Гал.
Ван Гал како тренер на Ајакс во сезоната 1994/95 ја освои Лигата на шампионите.
октомври 23, 2026


