Вести
Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон (Видео)
Уште еден патнички вагон од серијата Bm наскоро ќе биде вклучен во железничкиот сообраќај, откако успешно беше сервисираn од страна на работниците на Македонски железници – Транспорт.
Веста ја соопшти министерот за транспорт Александар Николоски, кој посочи дека продолжува работата на подобрување на капацитетите на македонските железници.
Вагонот располага со 11 купеа и вкупен капацитет од 66 седишта, а неговата максимална брзина изнесува 160 километри на час.
„Продолжуваме домаќински да работиме во интерес на граѓаните и подобрување на капацитетите на македонските железници“, порача Николоски.
Сервисирањето на патничкиот вагон е дел од активностите за обновување и подобрување на расположливите капацитети на железничкиот превоз во земјава.
октомври 22, 2026


