Фудбал
Барселона потврди дека Олмо ќе го пропушти „Ел Класико“
Шпанскиот репрезентативец и фудбалер на Барселона Дани Олмо поради повреда здобиена на дуелот од Лигата на шампионите против ПСЖ ќе отсуствува околу еден месец, а тоа значи дека ќе го пропушти неделниот дуел против Реал Мадрид популарното „Ел Класико“. Повредата ја потврди каталонскиот клуб откако беа направени лекарските прегледи.
Повредата се случи по контакт со противнички фудбалер.
Олмо се повреди за време на својот 100-ти натпревар за Барселона. Тој имаше 44 натпревари без повреда, а сега ќе треба да пропушти неколку натпревари во Ла Лига и Лигата на шампионите.
Отсуството ќе биде голем хендикеп за тренерот на Барселона Ханси Флик, кој нема да може да смета на Ерик Гарсија, Андреас Кристенсен, додека Жил Кунде е неизвесен за неделниот дуел со Реал Мадрид што се игра на 25. октомври во недела со почеток во 21 часот.
октомври 22, 2026


