Хроника
Пронајдени 30 опаковки со марихуана кај кумановец
Полицијата пронајде 30 опаковки со марихуана кај млад кумановец, соопшти денеска СВР Куманово.
– Вчера во 22:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.С.(23) од Куманово. При преглед кај него биле пронајдени 30 опаковки со марихуана-информираше полицијата.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
октомври 21, 2026


