Фудбал
Аморим го израмни рекордот на Милан од 1963 година
Тренерот на Милан, Рубен Аморим, стана само третиот менаџер во историјата на тимот кој останал непоразен во своите први седум натпревари во Серија А.
Португалскиот фудбалски стручњак има четири победи и три нерешени резултати, израмнувајќи го рекордот на Луис Карниља од 1963 година. Миланезите под водство на Ектор Пуричели во 1955 година имаа три победи и четири нерешени резултати.
Аморим го презеде Милан во јуни 2026 година, откако го напушти Манчестер јунајтед во јануари. Дојде на местото на Масимилијано Алегри.
Милан со 15 бода од седум натпревари е четврти на табелата во Серија А.
октомври 21, 2026

