Фудбал
Германската репрезентација ја освои титулата „светски шампион“ во фудбал за фудбалери над 80 години
На Светското првенство во фудбал кое за првпат се одржа во Кливленд, Австралија, во категоријата „фудбалери над 80 години“, германската репрезентација ја освои титулата „светски шампион“.
За нив овој успех не е само „спорт“.
„Мораме да се погрижиме што поголем број повозрасни луѓе да се вклучат во спортот“, изјави за ДПА фудбалерот Михаел Реч.
На турнирот учествуваа пет екипи, од осум играчи, на мал терен две полувремиња по 30 минути. Со победа на американската репрезентација, Германија стана светски шампион.
– Сите сме црвени во лицето и со изгореници од сонцето, но тоа воопшто не ја намалува нашата радост“, изјави Реч.
Со победа од 3:1 на Јапонија, германските ветерани обезбедија пласман во финалето на Светското првенство во фудбал.
– Во меѓувреме, планираме да одиграме неколку пријателски меѓународни натпревари, пред Европското првенство идната година, истакнуваат тие
октомври 19, 2026


