Connect with us

Фудбал

Линекер со предлог до Манчестер Сити

Поранешниот англиски репрезентативец Гари Линекер смета дека Манчестер Сити треба да ја прифати одлуката на независната комисија за кршење на финансиските закони и на тој начин да се сочува угледот на Премиер лигата. Манчестер Сити се соочува со обвинение од 115 случаи за прекршоци за финансиските правила во период од 2009 до 2018 година и веќе поднесе жалба, дека не ги прекршиле прописите.

– Оваа ситуација е лоша за Манчестер Сити и за фудбалот. Би сакал Манчестер Сити да признае дека направиле грешки. Тоа ќе биде за добро на играта (фудбалот) и Премиер лигата, изјави Линекер, кој работи како спортски коментатор.

Тој смета дека на тој начин ќе се помогне за сочувување на угледот на Премиер лигата. Но, исто така смета дека клубот нема да го направи тоа.

Воедно напомена дека вака губат играчите и навивачите, а според него можно е на „граѓаните“ да им бидат одземени титулите.

Линекер како фудбалер настапуваше за Лестер, Евертон, Барселона, Тотенхем и Нагоја. За англиската репрезентација на 80 натпревари постигна 48 голови

Ad
Ad