Свет
ЕК предлага проширување на преговорите со земјите надвор од ЕУ за подобрување на борбата против меѓународниот криминал
Европска комисија денеска предложи да почнат преговори за соработка помеѓу Агенцијата на Европска Унија за соработка во областа на кривичната правдаа (Eurojust) и осум земји кои не се членки на ЕУ.
– Предлогот има за цел да им помогне на судовите и обвинителите во борбата против сериозниот организиран криминал, вклучувајќи ја трговијата со дрога, киберкриминалот и перењето пари, се наведува во соопштението на ЕК.
ЕК предлага договори со Боливија, Канада, Чиле, Костарика, Еквадор, Панама, Перу и Обединетите Арапски Емирати.
ЕК потенцира дека „Евроџаст“ и очекуваните нови партнери ќе можат да разменуваат оперативни информации, да поддржуваат заеднички истраги со земјите од ЕУ и да ја зајакнуваат секојдневната соработка меѓу судските власти.
„Евроџаст“ има договори со 16 земји – Албанија, Босна и Херцеговина, Велика Британија, Грузија, Ерменија, Исланд, Либан, Лихтенштајн, Молдавија, Норвешка, САД, Северна Македонија, Србија, Украина, Црна Гора и Швајцарија.
ЕК е овластена од Советот на ЕУ да преговара за договори за соработка со 10 други земји – Алжир, Аргентина, Бразил, Египет, Израел, Јордан, Колумбија, Мароко, Тунис и Турција
септември 7, 2026
