Свет
ЕУ и Гренланд потпишаа Договор за партнерство
Европска Унија и Гренланд денеска потпишаа Договор за партнерство во вредност од околу 200 милиони евра, изјави претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен.
Таа посочи дека тоа е договор за стратешки развој на Гренланд и ЕУ.
– Гренланд може да смета на ЕУ. Тоа беше мојата порака за време на мојата последна посета. Денеска се вратив за да доставам вистински резултати од нашата тесна соработка. Со нов пакет партнерство ЕУ – Гренланд вреден 200 милиони евра, наведе Лајен.
Договорот за партнерство опфаќа области како што се дигитална поврзаност, одржливо рударство, енергија, туризам, образование, рибарство и домување.
– Ова ќе создаде нови можности и силна и ангажирана ЕУ и на Гренланд и на Арктикот. Бидејќи Гренланд е стратешки сојузник и сигурен пријател, посочи Лајен.
Таа вчера пристигна на Гренланд, а нејзината посета се совпаѓа со почетокот на воената вежба на НАТО „Арктички штит“, во која учествуваат војници од 10 земји.
Лајен во март 2024 година отвори канцеларија на Европската комисија во Нук, воспоставувајќи постојано присуство на ЕУ во Гренланд.
септември 7, 2026
