Connect with us

Свет

Во затворите во Северна Рајна-Вестфалија од 2022 година пронајдени се 6.839 мобилни телефон

Во затворите во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија, од 2022 година кај затворениците се пронајдени 6.839 мобилни телефони, особено во отворените затвори, се наведува во извештајот на министерот за правда на Северна Рајна-Вестфалија, Бенјамин Лимбах, што беше доставен до Комисијата за правни работи на покраинскиот парламент.

Само оваа година, кај затворениците се пронајдени 1.011 мобилни телефони, се наведува во извештајот.

Министерството за правда на Северна Рајна-Вестфалија соопшти дека неовластеното внесување мобилни телефони е особено забележливо во затворите од отворен тип.

Во извештајот се посочува дека од 2022 година вкупно 1.141 телефон е пронајден во поправниот дом Билефелд-Зене.

Во затворот, од затворен тип, во Билефелд, во истиот период се запленети 63 шверцувани мобилни телефони, додека дури 389 телефони се пронајдени во поправниот дом во Бохум.

Мобилните телефони и дрогата се појавуваат и во тековните истраги за сомневање за корупција во неколку затвори