Свет
Експлозија на пиротехника на верски фестивал во Мексико, 10 загинати и 64 повредени
Најмалку 10 лица загинаа, а 64 се повредени откако експлодираше пиротехнички материјал за време на фестивал посветен на светец-заштитник во местото Темаскалцинго (Temascalcingo), во мексиканската сојузна држава Мексико, соопштија денеска локалните власти.
Експлозијата се случила во непосредна близина на црква во Темаскалцинго, општина во централниот дел на земјата со околу 66.000 жители, што се наоѓа на околу 160 километри северозападно од Мексико Сити. Стотици верници и посетители биле собрани за да го проследат традиционалниот огномет кога дошло до силната детонација, при што од силината на ударот се урнал и заштитен ѕид.
Засега не е утврдено што ја предизвикало несреќата, а надлежното обвинителство веќе покрена официјална истрага. Локалниот бискуп потврди дека меѓу повредените има и двајца свештеници, додека на снимките објавени на социјалните мрежи се гледаат драматични сцени од местото на настанот каде десетици луѓе минуваат низ чадот и урнатините во потрага по преживеани.
септември 7, 2026
