Свет
Орбан ја поздрави изборната победа на „Алтернатива за Германија“ во Саксонија-Анхалт
Поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан ја поздрави победата на крајнодесничарската партија „Алтернатива за Германија“ (АфД) на изборите во источногерманската покраина Саксонија-Анхалт, оценувајќи ја како важен момент за Германија и Европа, јави агенцијата ДПА.
„Огромна ноќ за Германија и Европа!“, напиша Орбан на социјалната мрежа Икс. „Поздрав за Алис Вајдел, Улрих Зигмунд и целата партија Алтернатива за Германија за нивната убедлива победа во Саксонија-Анхалт! Затегнете ги коланите. Ова е само почеток!“, порача тој.
Орбан управуваше со Унгарија во текот на 16 години, пред неговата партија да биде поразена од Петер Маѓар на парламентарните избори во април.
Орбан одржува блиски врски со десничарски конзервативци во светот, меѓу кои и „Алтернатива за Германија“, чија копретседателка Алис Вајдел неколку пати го посети во Будимпешта за време на неговиот премиерски мандат.
септември 7, 2026
