Свет
Вокер: Вештачката интелигенција може да претставува егзистенцијална закана за човештвото
Комесарот за човекови права на Обединети нации, Волкер Турк денеска предупреди дека вештачката интелигенција (ВИ) може да стане доволно моќна за да го загрози човештвото и поради тоа следните денови ќе ги повика компаниите да ги намалат ризиците.
– Ја споделувам загриженоста на индустриските експерти дека напредната вештачка интелигенција може да претставува егзистенцијален ризик за човештвото. Денеска повикувам на сеопфатен напор за воспоставување силни заштитни мерки пред да биде предоцна, посочи Турк пред Советот за човекови права на ОН во Женева, во говор пред почетокот на неговиот втор мандат.
Тој без да именува, предупреди дека само неколку луѓе имаат „речиси неограничена моќ над вештачката интелигенција“.
Неопходно е земјите што се домаќини на вештачка интелигенција и оние што се вклучени во нејзините синџири на снабдување да постават граници, посочи Турк.
Меѓу водечките компании за вештачка интелигенција се „Мета“, „Антропик“, „ОпенАИ“ и „Гугл“.
септември 7, 2026
