Connect with us

Култура

Цветин му подари Виолински клуч на Карерас со порака „музиката и уметноста ќе го спасат светот“

Светски познатиот тенор Хозе Карерас, сношти, доби уметничка слика „Виолински клуч со три рози“ од македонскиот уметник сликар и хуманист Живко Поповски – Цветин.

По завршување на настапот во рамки на концертот „José Carreras with Macedonian All-Stars“, Цветин се сретна со Каререс, при што подарувајќи му ја сликата, порача „музиката и уметноста ќе го спасат светот“.

Карерас и Цветин разговарале за своите животни кариери и за актуелните случувања во светот. На листата светски музичари – уметници, освен Карерас, вакви уметнички слики добиле и францускиот пејач и композитор Шарл Азнавур, оперскиот сопран Радмила Бакочевиќ, диригентот Зубин Мехта, џез музичарите Би Би Кинг и Реј Чарлс, македонските оперски певици Милка Ефтимова, Весна Илкова Гиновска, како и македонскиот оперски пејач Борис Трајанов и македонскиот класичен пијанист Симон Трпчевски.

Карерас настапи на концерт во Македонија по повод 35 години независност на Македонија.