Connect with us

Општини

Тежок пожар изби попладнево во атарот на с. Макази, ресенско

Тежок пожар изби попладнево во атарот на с. Макази, Ресенско, кој се движи кон Пелистер, информира директорто на Дирекцијата за заштита и спасување. Зафатени биле овоштарници на две локации, а поради опасноста од негово проширување, покрај интервенцијата на пожарникарите тој кажа дека се вклучени и ер тракторите на Дирекцијата.

Претходно, ЦУК соопшти дека денеска до 18 часот, регистрирани се вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои осум се активни, еден е под контрола, а девет се изгаснати.

Активни пожари има: во Општина Ресен – с. Бела Црква – с. Подмочани, борова шума и ниска вегетација; Општините Студеничани и Зелениково – с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (Општина Студеничани) и кракот кон с. Палиград, во правец на Преслап (Општина Зелениково), мешана шума; Општина Сарај – с. Копаница – с. Радуша, нискостеблеста шума и ниска вегетација; Општина Петровец – с. Горно Коњари – с. Дивљан, мешана шума и ниска вегетација;
Општина Јегуновце – с. Копанце, мешана шума; Општина Чашка – над с. Нежилово, м.в. Сватови, ниска вегетација и единечни дрва; Општина Прилеп – с. Алинци, депонија и во Општина Прилеп – кај Касарната во Прилеп, ниска вегетација.

Под контрола е пожарот во Општините Гостивар и Македонски Брод – кај с. Трново (Општина Гостивар), со ширење кон селата Битово, Заград и Страјане, при што пожарот се прелева на територијата на Општина Македонски Брод. Зафатени се нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат.

Изгаснати пожари – 9: Општина Битола – кај тунелот на обиколницата, ѓубре и кабли; Општина Долнени – с. Црнилиште, ниска вегетација; Општина Прилеп – с. Витолиште, м.в. Рамна Нива, ниска вегетација; Општина Струмица – с. Куклиш, ѓубре и ниска вегетација; Општина Босилово – с. Бориево, депонија; Општина Струга – с. Корошишта, стрниште и ниска вегетација; Општина Градско – с. Виничани, кај турските гробишта, ниска вегетација и дрвја; Општина Куманово – Агино Село, ниска вегетација и стрниште; Општина Липково – с. Матејче, ниска вегетација