Connect with us

Општини

Струмичките пожарникари гаснеа три големи пожари на отворено во селата Муртино, Моноспитово и Куклиш

Во само еден ден струмичките пожарникари вчера гаснеа три големи пожари на отворено во селата Муртино, Моноспитово и Куклиш.

Како што соопштија од ТППЕ Струмица, огнот зафатил огромни површини сува трева, а дивите депонии дополнително ја зголемиле опасноста и интензитетот на пожарите, б идејќи во близина имало куќи, оранжерии и земјоделски површини.

-Во овие услови, огнот се шири за само неколку минути и многу лесно може да излезе од контрола, а  пожарникарите повторно на терен – со часови во борба со огнот, за да се спречи најлошото, се наведува во соопштението на струмичките пожарникари.

Апелираат до граѓаните да не палат сува трева и отпад, бидејќи една искра може да направи огромна штета.