Општини
По повод утрешниот празник, сеноќно бдение во манастирот „Пресвета Богородица – Пречиста“ кај Кичево
Утрешниот голем празник Успение на Пресвета Богородица, достоинствено, со празнично сеноќно бдение ќе биде одбележан во манастирот „Пресвета Богородица – Пречиста“ кај Кичево.
Сеноќното бдение почнува во 21:30 часот со мало повечерие и празнична Вечерна богослужба, околу 2:00 часот – Утрена богослужба, изнесување на Богородичната Плаштаница и пеење на Статиите, околу 6:30 часот – Торжествена литија со Плаштаницата и Водосвет, и во 7:30 часот – Облекување на Архиерејот и почеток на Божествената архијерејска Литургија.
На бдението ќе присуствува на светски познатиот хор по источно-православно пеење „Тропос“, кој за првпат ќе пее во манастирот Пречиста.
По традиција се очекува присуство на голем број верници, а со нив ќе биде целата монашка заедница од Бигорски манастир, како и манастирите од Рајчица и Пречиста.
август 27, 2026
