Connect with us

Вести

Министерот за правда Јетон Шасивари им ги додели повелбите на новоименуваните нотари

Министерот за правда Јетон Шасивари им ги додели повелбите на новоименуваните нотари. Упатувајќи им искрени честитки, им посака успешна и професионална работа, со порака дека, заедно со своите поискусни колеги, треба да бидат цврст темел на правдата, правната сигурност и владеењето на правото, информираат од Министерството за правда. 

– Вашата професионалност, интегритет и одговорност се од особено значење за јакнењето на довербата на граѓаните во правниот систем – истакнал министерот Шасивари.

Новите нотари, како што велат од Министерството, ја преземаат својата одговорна функција со обврска да постапуваат совесно, непристрасно и во согласност со законите, придонесувајќи кон ефикасен и сигурен правен систем.

– Им посакуваме многу успех, професионални предизвици и резултати во извршувањето на нивната значајна функција, со уверување дека нивната работа ќе биде во служба на граѓаните и правдата – се вели во соопштението од Министерството за правда.