Connect with us

Регион

На турско-бугарската граница конфискувани околу 300 килограми марихуана

Турските царинарници открија и конфискуваа приближно 3000 килограми марихуана на граничниот премин со Бугарија Хамзабејли/Лесово.

Дрогата била откриена во камион. Возачот, чија националност не е соопштена, е приведен.

Марихуаната била спакувана во 255 пакети, кои биле скриени на различни места во камионот.