Скопје
За Богородица обезбеден дополнителен превоз за сите верници и посетители до Манастирот во Матка
По повод Успението на Пресвета Богородица во петок (28 август) за претстојната манастирска слава, ќе биде обезбеден дополнителен организиран превоз за сите верници и посетители до Манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ – Матка.
Покрај редовната автобуска линија бр. 60, ќе сообраќа и дополнителен автобус по потреба до Полициската станица Матка. Оттаму, посетителите ќе бидат преземани со минибус до најблиската пристапна точка до манастирот.
Православните христијани денеска го одбележуваат празникот Успение на пресвета Богородица, еден од најголемите празници посветен на Мајката Божја. Скопјани традиционално на овој ден го посету
Со љубов ве очекуваме да ја споделиме празничната радост, Литургиски со соборна молитва и мир. Нека благословот на Пресвета Богородица биде со сите нас. На многаја лета!!! – посочуваат од сестринството во Манастирот.
август 26, 2026
