Connect with us

Скопје

Поради превентива од западнонилска треска, исклучени четирите фонтани во Карпош

Општина Карпош информираше дека во интерес на јавното здравје, ги исклучиле четирите фонтани на нејзината територија.

„Во насока на преземање активности за справување со вирусот на западнонилска треска, Општина Карпош ги исклучи четирите фонтани кои се наоѓаат на нејзина територија. Општинските служби го преземаат овој чекор, како превентивна мерка за спречување на појава на ларви и комарци, кои шират вирусни заболувања“, велат од Општината.

За таа цел, оттаму посочија дека се исклучени:

  • Фонтаната во населбата Бардовци;
  • Фонтаната спроти студентскиот дом „Гоце Делчев“;
  •  Фонтаната на плоштадот Делфина во Влае; и
  •  Фонтаната во Карпош 3 (спроти Тинекс).

„Се надеваме на разбирање од карпошани, бидејќи Општина Карпош ја презема оваа мерка во интерес на безбедноста и здравјето на сите жители. Во оваа пригода, апелираме до нашите сограѓани да се придржуваат до препораките од Институтот за јавно здравје“, порачаа од Општина Карпош.