Connect with us

Скопје

Акција за отстранување хаварисани возила во општина Карпош

Секторот Инспекторат од Општина Карпош во соработка со колективниот постапувач Green road, денеска спроведе редовна акција за подигнување на отпадните (хаварисани) возила од јавните површини на територија на локалната самоуправа.

Акцијата, како што информираат од општината, се одвиваше во реонот на урбаната заедница „Владо Тасевски“ каде беа отстранети неколку отпадни возила со регистарски таблички, за кои претходно се водеше инспекциска постапка.

-Целта на оваа иницијатива е ослободување на јавните површини, како и подобрување на квалитетот на здравата животна средина, велат од Општина Карпош и апелираат на совесно однесување на граѓаните, во насока на заедничко дејствување за, како што велат, почист Карпош.