Connect with us

Хроника

Вратата од лифт ненадејно се отворила и затворила: Тешко повредено тригодишно девојче во Скопје

Тригодишно дете се здобило со тешки телесни повреди во несреќа во лифт во зграда во Радишани, откако според пријавата од мајката, вратата од лифтот ненадејно се отворила и затворила.  

Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен информира дека Е.З.(30) од Скопје вчера во 20:00 часот во СВР Скопје пријавила дека на 22-ри месецов околу 18:15 часот, додека таа и нејзините деца биле во лифт од станбена зграда на подрачјето на Радишани, вратата од лифтот ненадејно се отворила и затворила, при што нејзината тригодишна ќерка била повлечена и се здобила со тешки телесни повреди.

Повредите биле констатирани во Јавната здравствена установа „Св.Наум Охридски“ Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.