Connect with us

Скопје

По 40 години, реконструирани три занимални во клонот „Детелинка“ во Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров продолжува со инвестициите за подобрување на условите за престој, воспитување и развој на најмладите. По цели 40 години, целосно се реконструирани три занимални во клонот „Детелинка“, со што децата и вработените добиваат побезбедни и посовремени услови.

Во рамките на реконструкцијата, како што информираат од Општина Ѓорче Петров, поставени се речиси 200 квадратни метри нов под, целосно се обновени ѕидните површини, а изведена е и нова електрична инсталација.

Од Општина Ѓорче Петров велат дека со инвестицијата значително се подобруваат функционалноста и безбедноста на просториите, но и се создава попријатна и поквалитетна средина за секојдневниот престој на децата.

Општината најавува продолжување на инвестициите во детските градинки и училиштата, со цел создавање подобри и посовремени услови за секое дете во Ѓорче Петров.