Скопје
Реконструкција на детската градинка „Буба Мара“ во Ново Лисиче по 33 години
По 33 години, за првпат се врши целосна реконструкција и обновување на горниот кат од објектот „Буба Мара“ во населбата Ново Лисиче, со што од септември за децата ќе бидат обезбедени значително подобрени услови за престој.
Како што стои во соопштението од Општина Аеродром, денеска, градоначалникот на Општината, Дејан Митески и претседателката на Советот Сузана Павовска, извршија увид во текот на градежните активности.
– На горниот кат се врши замена на подовите во сите занимални и простории, се заменуваат вратите и се бојадисува целиот простор. Дечињата од септември ќе престојуваат во убаво уреден и целосно освежен простор, со нов мебел и нови дидактички материјали, создадени за нивниот пријатен престој, игра и учење. По 33 години, „Буба Мара“ добива ново и современо лице, а најважно од сè – подобри услови за дечињата – се наведува во соопштението на Општина Аеродром.
август 25, 2026
