Connect with us

Скопје

Почна 17. Карпошово културно лето

Со концерти на Александар Тарабунов-Тара и групата „Нокаут“ синоќа на плоштадот „Делфина“ во Влае почна 17. Карпошово културно лето, во организација на Општина Карпош.

Општината соопшти дека многубројната публика уживала во настапите на изведувачите, кои, како што наведува во соопштението „приредија вечер исполнета со музика, позитивна енергија и одлична атмосфера“.

– Со музичките настапи на овие македонски изведувачи на најубав начин беше заокружен првиот ден од годинешното Карпошово културно лето. Манифестацијата продолжува и во наредните денови со богата и разновидна програма, која ќе понуди многубројни културни и уметнички содржини за сите генерации – информира Општина Карпош.