Свет
Уапсена жена осомничена дека планирала бомбашки напад врз владата на американската сојузна држава Њујорк
Американското Федерално истражно биро (ФБИ) соопшти дека уапсило 35-годишна жена осомничена дека планирала бомбашки напад врз седиштето на владата и законодавната власт на сојузната држава Њујорк во Олбани, каде се наоѓа и канцеларијата на гувернерката, Кети Хочул.
Според судскиот поднесок на ФБИ, извесна Џесика Бови, во онлајн комуникација се заколнала на верност кон терористичката организација Исламска држава (ИД) и во јули почнала да го планира нападот.
Во документот уште се наведува дека осомничената пред околу пет години преминала во исламска вера и преку пораки со неидентификувани лица изразила поддршка за ИД.
август 21, 2026
