Хроника
Расчистено насилство во Скопско, поднесена е кривична пријава против три лица
Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против тројца жители на скопското село Буковиќ, поради сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 став 3 од Кривичниот законик.
Како што соопшти МВР, на 12 август 2026 година во село Копаница, скопско, 34-годишниот С.Ј. со тврд предмет го нападнал 25-годишниот Х.Р. од село Арнакија.
Во инцидентот, другите двајца пријавени, И.Ј. и С.Ј., со тврди предмети го оштетиле возилото на 25-годишникот.
По преземените мерки, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 34-годишниот С.Ј. По одлука на судија на претходна постапка, нему му е определена мерка домашен притвор.
Полицијата продолжува со преземање мерки за пронаоѓање на другите двајца пријавени.
август 15, 2026
