Connect with us

Хроника

Три зрна од огнено оружје пронајдени на две локации во Куманово

Три зрна од огнено оружје биле пронајдени вчера на две улици во Куманово, информираа денеска  од СВР Куманово.

Вчера во 13:51 часот во СВР Куманово, Н.Љ. од Куманово пријавил дека на улицата „Ѓуро Ѓаковиќ“ пронашол зрно од огнено оружје во ѕид од објект. За време на вршењето увид, Д.К. од истата улица пријавила дека на настрешницата од нејзиниот балкон паднало зрно од огнено оружје и предизвикало оштетување. Двете зрна биле пронајдени и подигнати за понатамошна постапка, а увид извршила екипа од СВР Куманово.

Истиот ден во 18:25 часот во СВР Куманово, Е.М. од Куманово пријавил дека на улицата „Тоде Мендол“ пронашол зрно од огнено оружје.

Увид извршила екипа од СВР Куманово. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случаите.