Забава
Левучарите се подобри возачи, смета руски научник
Способноста на левучарите истовремено да ги користат обете хемисфери на мозокот за решавање проблеми им дава предност при возење автомобил и пилотирање борбен авион, смета Валери Литвинов, виш истражувач на Одделот за хемија и биотехнологија на рускиот Национален истражувачки политехнички универзитет во Перм.
Стручњакот истакна дека контролата на рацете не е директно организирана од мозокот, туку е вкрстено организирана. Кај десничари, на пр., левата хемисфера – одговорна за говорот, пишувањето, читањето и логичкото размислување, е доминантна.
Левучарите сочинуваат 10-15 насто од светското население, или приближно еден од седум или осум луѓе.
август 14, 2026
