Connect with us

Забава

Во Националниот парк Кругер во Јужна Африка е забележан редок случај на слонче со албинизам

Во Националниот парк Кругер во Јужна Африка било забележано едногодишно слонче од видот „локсодонта“ со албинизам.Слончето е со розова кожа и светла коса, поради што значително се разликува од останатите слончиња. Станува збор за генетско нарушување кое го спречува или намалува лачењето на меланин, пигмент одговорен за бојата на кожата. Според експертите, ваквата состојба е многу ретка, односно едно на секои 10.000 раѓања.

Албинизмот е ретка наследна болест која предизвика многу здравствени проблеми меѓу кои и нарушување на видот. Ваквата состојба може да го отежне секојдневието на животното.

Истражувањата покажуваат дека ваквите животни биле отфрлени од својот род, што не е случај со слончето од Африка. За научниците, ваквите ретки случаи се особено значајни бидејќи овозможуваат подобро разбирање на влијанието на генетските нарушувања врз дивите животни.