Connect with us

Архива

Кавадарчанка пријавила дека од лажен интернет профил со нејзина слика биле испраќани навредливи содржини

Кавадарчанка пријавила во полиција дека со нејзина слика и лажен интернет профил биле испраќани навредливи содржини кон други лица, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. 

– Вчера во 13:50 часот во ОВР Кавадарци, 24-годишна кавадарчанка пријавила дека едно лице презело нејзина фотографија од профил на социјална мрежа, при што бил креиран лажен профил од кој во нејзино име биле испраќани пораки со навредливи содржини на трети лица – соопштија од СВР Велес. 

Оттаму додадоа дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.