Connect with us

Хроника

Кавадарчанец ставил фалсификат табличка на БМВ за да избегне плаќање паркинг

Кавадарчанец се обидел да избегне плаќање на надомест за паркирање така што на своето „БМВ“ поставил фалсификувана регистарска табличка, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.

– Вчера во 11:10 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци извршија службен разговор со П.М.(34) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека на паркинг простор во Кавадарци, со цел избегнување на плаќање на надомест за паркирање, на патничко возило „бмв“, поставил фалсификувана регистарска ознака – соопштија од СВР Велес. 

Оттаму споделија дека таблицата била одземена и по целосно расчистување и документирање на настанот ќе била поднесена соодветна пријава.