Connect with us

Архива

Неготинец се заканувал со моторна пила, кавадарчанец пазарувал со туѓа картичка

Неготинец се заканувал со моторна пила, кавадарчанец пазарувал со туѓа банкарска картичка, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. 

– Вчера во 10:15 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци извршиле службен разговор со Р.Н.(70) од овој град. Претходно, тој пронашол паричник кој го изгубила 68-годишна кавадарчанка и со нејзината картичка извршил трансакција. Паричникот и предметите биле одземени и вратени на сопственичката, а по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава – соопштија од СВР Велес. 

Оттаму споделија дека рано утрово во 2 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода С.А.(41) од село Црвени Брегови, неготинско, постапувајќи по претходна пријава дека му се заканувал на Џ.Р.(18) од истото село и отишол во неговиот двор со моторна пила. 

– Предметот бил пронајден и одземен, С.А. бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираа од СВР Велес.